Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
ОСНОВЕН СУД РЕСЕН - НАДЛЕЖНОСТИ
Надлежност
Законот за судовите (Службен весник 58/2006)
Основните судови се основаат за една или повеќе општини чие подрачје е определено со овој закон.
Основните судови согласно со стварната наделжност судот во прв степен и се осниваат како судови со основна надлежност и судови со проширена надлежност.
Основнисте судови со основна надлежност за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат во прв степен по кривични дела и прекршоци и тоа:
- за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некој кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд.
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
- да спроведуваат истраги или истражни дејствија за кривични дела од своја надлежност,
- за сите видови на прекршоци освен за прекшоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или организација или друг орган што врши јавни овластувања и
- за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.
Основните судови со основан надлежност се надлежни да одлучуваат во прв степен пио граѓански спорови и тоа:
- за спорови во имотно правните и други граѓанско п равни односи на физижки и правни лица чија вредност е до 15.000 евра во денарска против вредност доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд.
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак за поништување на брак и развод на брак
- за законска издршка,
- за чување и воспитување на деца,
- за смеќавање на владение,
- за доживотна издршка,
- за надоместок на штета, која не надминува 15.000 евра во денарска против вреднсот,
- во постапка за обезбедување и извршување,
- за работни односи,
- спорови од наследно – правнни односи,
- во вонпарнични и оставински работи,
- да водат тапии и
- за други работи утврдени со закон.


НАПОМЕНА: Согласно новиот закон за судови Службен весник 58/06 од 11.05.2006 год., Основен суд Ресен е суд со основна надлежност.
  • Историјат
  • Судска Зграда
  • Годишни Извештаи
Историјат
Формирањето на првите редовни цивилни судови во Македонија започнува со донесувањето на одлуката на Второто заседание на АСНОМ од 2 август 1944 год. со оваа одлука се формираа судски органи , судски оддели при Народно ослободителните одбори и се утврдуваат нивните задачи на 20 октомври 1944 год., е донесено решение на Президиумот на АСНОМ во кое со точка 12 се предвидува дека до целосно уредување на правосудството во Македонија, судењата Ќе се вршат во рамките на народно ослободителните одбори. За разлика од ревулиционерните судови-судовите на партизaнските одреди во овој период се јавуваат како специфичен вид на правосудни органи, хибриден вид на правосудни органи кои иако формирани од НОВ на Македонија, сепак се карактеристични по две нешта и тоа прв пат станува збор за правосудни органи засновани со акт на законодавно тело, и органи кои се одвоени од воената структура доминантна како таква во сите свери на живеење за тој период. Секој од овие судски оддели бил составен од прочелници, секретар и неопходен персонал. Судењата ги спроведувал совет од пет члена избрани од територијата на округот. Судиите во советот многу често немале соодветно образование, но по правило секретарот на секој судски одбор бил правник, именуван од Президиумот на АСНОМ.
Делукругот на работа на ови судови се образувал со времето во кое се формирани па така најголемиот број од случаите што ги решавале биле поврзани со казнување на сторителите на разни злосторства против народот, казнување на шпионите и соработниците на окупаторот, нарушување на воената дисциплина во редовите на НОВ како и зачувување на придобивките на револуцијата а многу поретко заштитата на имотот на граѓаните и нивните меѓусебни спорови.
Судовите во Република Македонија меѓу кои и Основен суд Ресен се основани со повелба на Президиумот на АСНОМ за устројство на редовните судови во Македонија од 31.03.1945 год. Оваа повелба претставува прв законодавен акт на првиот законодавен орган создаден во текот на Народно ослободителната борба со кој се утврди постоење на 25 Општински судови, 3 Обласни суда и Врховниот суд на Македонија, оваа повелба претставува најзначен законодавен акт во кој се удрија темелите на судството во Република Македонија.
Според уставнот на СФРЈ од 1963 год., судскиот систем го сочинуваат судови од општа надлежност ( во кои спаѓаат и Општинските судови) и специјализирани судови. Основниот закон за судовите од општа надлежност ги даде основните решенија за уредувањето и организацијата на судовите од општа надлежност, одредувајќи дека основањето, укинувањето на подрачјето како и седиштето на судовите во Републиките се уредуваат со Републички закон. Врз основа на ова овластување во 1965 год., во Социјалистичка Република Македонија е донесен законот за подрачјата на Општинските и Окружните судови од општа надлежност во СР Македонија.
Според овој закон во СР Македонија постојат 25 Општински суда меѓу кои и Основен суд Ресен.
Со уставните реформи од 1974 год., судската функција е доверена на редовните судови, како органи на државна власт и на само Управните судови, Општинскиот суд Ресен кој напрвин функционирал како одделение продолжил да функционира како редовен суд, а согласно законот за редовните судови чл.49 и чл.70 се определуваат Општинските и Окружните судови со нивните седишта и територијална надлежност на секој од нив. Во таа смисла Општинскиот суд Ресен како редовен суд функционирал за подрачјето на Преспа.
Почетоците на Основен суд Ресен датираат од 1945 год., кога истиот бил сместен на долниот кат на куќата на Котларовци лоцирана на ул.”29-ти Ноември” наспроти зградата на Сарајот. Судот функционирал како Општински суд и прв претседател бил Киро Никовски.
Согласно законската регулатива во тоа време функционирале и Окружни судови и до почетокот на 1996 год., функционирал и посебен суд за прекршоци за Општина Ресен, кој што бил сместен во куќа на ул.”Мите Богоевски” во центарот на градот, а после тоа е преместен во зградата на Собранието на Општина Ресен, но со донесувањето на законот за судовите во 1995 год., споровите од оваа област преминуваат во рамките на надлежност на Основен суд Ресен.
После тоа Основен суд Ресен е сместен во нова зграда во центарот на градот и продолжува да функционира во новата зграда.
Структура на судска зграда
Приземје:

На преиземјето сместена е архивата и скривница.

I Кат
На првиот кат сместени се судската полиција, телефонската централа, доставната служба, судската писарница, канцеларии на дактилографи, стручен соработник, приемно одделение, граѓанско одделение, извршно одделение, вонпарнично одделение, прекршочно одделение, сметководство и книговодство.

II Кат
На втор кат сместен е кабинетот на Претседателот на судот, сала за колегиум, канцеларија на стручни соработници и советник, кабинети на судии, судници I и II.